Медиумите објаснија зошто министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу се прекрсти кога излегуваше низ капијата на Спаската кула на Црвениот плоштад на почетокот на парадата на Победата.
„На капијата на Спаската кула се покажа автомобилот со министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Потоа сите дискутираа како тој, пред да го продолжи движењето, се прекрсти.
А еве зошто. Сводот под кој тој влезе секогаш бил дел од храмот. Во текот на реконструкцијата, сосем неодамна, овде најдоа икона која некои одговорни луѓе навремено ја скриле на скришно место во каменот. И кога на времето сите поминувале на своите коњи покрај тој свод, секогаш се прекрстувале. Велат дека пред една година, по тогашната парада, на Сергеј Шојгу му ја раскажале таа приказна. И тој ја зеде на срце“, соопштува „Комерсант“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче