Русија одби да учествува на „провокативниот“ состанок на СБ ООН за Крим

Русија ги смета консултациите на членките на Советот за безбедност на ООН ситуацијата на Крим како провокативни и нема да учествува во нив, изјавија од прес-службата на постојаното претставништво на РФ во ООН, пренесува РИА „Новости“.

Русија ги смета консултациите на членките на Советот за безбедност на ООН ситуацијата на Крим како провокативни и нема да учествува во нив, изјавија од прес-службата на постојаното претставништво на РФ во ООН.

„Поаѓаме од фактот дека наведениот настан е контрапродуктивен и провокативен. Тој не спаѓа во доменот на Советот за безбедност на ООН. Руската делегација нема да учествува во него, како и, колку што ни е познато, делегации на некои други земји“, се вели во соопштението на службата за печат на руската дипломатска мисија, пренесува РИА „Новости“.

Претходно агенцијата „Франс-прес“ соопшти дека денеска Советот за безбедност на ООН по иницијатива на Литванија ќе има неформален состанок за разгледување на ситуацијата на Крим.

Според информацијата на агенцијата, состанокот ќе се одржи според таканаречената „формула Арија“ која предвидува учество, покрај дипломатите, и на претставници на граѓанското општество и невладини организации.

Претходно портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Москва нема намера со никого да дискутира на тема Крим.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња