Поднесено обвинение против двајца осомничени за убиството на Немцов

Басманиот суд во Москва денеска, 8 март, подигна обвинение против двајца од петмина осомничени за убиството на политичарот Борис Немцов - Заур Дадаев и Анзор Губашев, пренесува РИА „Новости“.

Басманиот суд во Москва денеска, 8 март, подигна обвинение против двајца од петмина  осомничени за убиството на политичарот Борис Немцов - Заур Дадаев и Анзор Губашев, пренесува РИА „Новости“.

Судот одлучи, на барање на Истражниот комитет на Русија, на сите петмина приведени под сомнение за убиство на политичарот да им биде определена мерката притвор.

„Основа за определените мерки постои. Дадаев даде исказ со кој признава дека учествувал во извршувањето на делото“, изјави судијката Наталија Мушникова.

Обвинение има и против Анзор Губашев. „Има доволно основи за подигнување обвинение против Губашев за учество во наведеното дело“, заклучи судијата.

Еден од осомничените за убиството на Немцов, Тамерлан Ескерханов, изјави дека има алиби. „Во моментот на убиството јас се наоѓав на работното место, како и секој ден. Има многу луѓе, мои колеги, кои ќе го потврдат тоа“, рече тој.

На почетокот беа објавени имињата и презимињата на тројца приведени за кои се претпоставува дека имаат врска со убиството на политичарот. Тоа се Анзор Губашев, Заур Дадаев и братот на Губашев - Шагит Губашев. Исто така се спомнуваше и маж за кој е можно дека бил заедно со Дадаев во автомобилот во текот на извршувањето на делото.

Утринава се појави информација дека уште еден осомничен за учество во  убиството на Немцов се самоубил со рачна бомба во Грозни. Осомничениот бил опколен од полицијата. Тој фрлил една граната кон полицајците, а втората ја активирал под себе. Никој од полицајците не бил повреден.

Од Истражниот комитет на Русија изјавија дека истрагата продолжува. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња