Путин: Убиството на Немцов личи на нарачана провокација

По грозоморното убиство на Борис Немцов што се случи вечерва во Москва, рускиот претседател Владимир Путин смета дека станува збор за нарачана егзекуција која има исклучително провокациски карактер.

По грозоморното убиство на Борис Немцов што се случи вечерва во Москва, рускиот претседател Владимир Путин смета дека станува збор за нарачана егзекуција која има исклучително провокациски карактер. Ова за медиумите го соопшти порт-паролот на претседателот Дмитриј Песков.

Претседателот на Руската Федерација им нареди на првите луѓе на Истражниот комитет на РФ, на МВР и на Федералната служба за безбедност да состават истражна група и лично тие да следат како се одвива истрагата за ова злосторство.

Во меѓувреме, претставникот на руското МВР Елена Алексеева за новинарите откри дека во моментот на убиството со Немцов била и девојка, која дошла од Украина. „Девојката во моментов се наоѓа на распит во едно од одделенијата на полицијата“, изјави Алексеева.

Таа исто така ги информираше новинарите дека околу 23 часот и 15 минути Борис Немцов се шетал со својата пријателка, кога врз него од бела кола биле истрелани неколку куршуми, од кои четири го погодиле во грбот, по што политичарот починал на место. Во моментов на местото на настанот работи истражна група.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.