МНР на Русија ги обвини ООН за замолчување на одеската трагедија

Во Министерството за надворешни работи на Русија изјавија дека ООН практично не се занимава со истрага за масовните гробници во Украина, како и за трагедијата што се случи во мај 2014 година во Одеса.

Во Министерството за надворешни работи на Русија изјавија дека ООН практично не се занимава со истрага за масовните  гробници во Украина, како и за трагедијата што се случи во мај 2014 година во Одеса. Како што информира РИА Новости, таквиот став го искажал заменик-министерот на руското МНР Генадиј Гатилов.

„Западните колеги се обидуваат да ги замолчат овие прашања и да не реагираат на нив. Не можеме да не го квалификуваме тоа како „двојни стандарди“ во оценувањето на настаните и во пристапот кон очигледните проблеми “, изјави  Гатилов, откако истакна дека Русија, без оглед на тоа, ќе продолжи да ги  поставува овие теми на седниците на Советот за безбедност на ООН.

На 2 мај во Одеса се случија судири меѓу проруски настроените активисти од една страна и приврзаниците на киевските власти од друга страна. Во текот на немирите приврзаниците на федерализацијата се засолнија во Домот на синдикати во кој по некое време настана пожар. Според официјалните податоци, 48 лица загинаа, над 200 беа повредени. Истрагата за мајските немири беше завршена на крајот на септември 2014 година.  Како резултат, беа поднесени 24 обвиненија.

За масовни гробници откриени во разни региони на Донецката и Луганската област многупати информираа борците на самопрогласените ЛНР и ДНР. На крајот на септември се појави првата информација за пронајдена масовна гробница. Според информациите на претставниците на ДНР, таа се наоѓа во реонот на рудникот „Комунар“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња