Украинскиот министер за земјоделска политика Алексеј Павленко изјави дека Украина претрпе големи загуби поради загубата на рускиот пазар, но смета да ги компензира истите со договори со Кина и други држави.
Русија претходно го ограничи увозот на овошје, зеленчук и млечни производи од Украина.
„Освен Европската унија, ние имаме уште поголема заинтересираност да тргуваме со Кина. Нашите кинески партнери имаат голем пазар“ изјави министерот за земјоделска политика на Украина Алексеј Павленко.
Според неговите зборови, азиските држави „со внимание се разгледуваат од украинското раководство“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче