Русија ќе ја создаде првата банка за биоматеријал од сите живи суштества на светот

Првата банка за биоматеријал од сите живи организми на Земјата ќе биде создадена во рамките на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, изјави на конференцијат за печатот ректорот на МГУ, Виктор Садовничи.

„Го добивме најголемиот грант од Рускиот научен фонд. Овој проект го нарекувам ’Ноева арка’. Со него се предвидува создавање на банк на биоматеријал од сите живи организми на Земјата, вклучувајќи ги и организмите кои некогаш постоеле, и оние кои се во исчезнување, и оние кои опстануваат. Наша задача е да создадеме таква колекција“, изјави Садовничи, а пренесува РИА Новости.

Според неговите зборови, во првата фаза за овој проект се издвоени милијарда рубљи. „Ако го реализираме проектот, тоа ќе биде голем чекор во историјата на Русија. Русија прва во светот ќе создаде ’Ноева арка’“, изјави ректорот на МГУ, додавајќи дека во светот засега не постои колекција од ваков вид. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња