Канада ќе воведе нови санкции против Русија

Санкции ќе бидат воведени кон неколку физички лица во Русија и Украина.

Министерот за надворешни работи на Канада Џон Берд изјави дека Отава ќе воведе нови санкции кон Москва на 19 декември поради ситуацијата во Украина, пренесува Ројтерс.

Според зборовите на министерот, станува збор за дополнителни ограничувачки мерки во сферата на извозот на технологии кои се користат во нафтената и гасната индустрија.

Освен тоа, санкции ќе бидат воведени кон неколку физички лица во Русија и Украина, изјави Берд.

„Не можеме да останеме без никакви дејства“, изјави шефот на МНР на Канада. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња