Горбачов вети дека ќе ги застапува ставовите на Русија во Германија

Михаил Горбачов изјави дека на форумот во Германија ќе ги брани ставовите на рускиот претседател.

Поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов изјави дека во Берлин, за време на одржувањето на форумот „Нова политика“, каде ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел, планира да ги брани ставовите на претседателот Путин, пренесува порталот vz.eu.

„Секако, ќе ја искористам шансата по повод 25-годишнината од рушењето на Берлинскиот ѕид да нагласам дека никогаш повеќе луѓето не треба да ги раздвојуваат ниту камени, ниту морални ѕидови...“, ги пренесува „Интерфакс“ зборовите на Горбачов.

„На форумот, за време на разговорите со германското раководство и општествените активисти, одлучно ќе ја бранам позицијата на Русија и ставовите на нејзиниот актуелен претседател, Владимир Путин“, изјави Михаил Горбачов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња