Русија треба да го добие првиот „Мистрал“ на 14 ноември

Информацијата која ја дава синдикатот на бродоградилиштето не е официјална.

Русија треба да го добие првиот носач на хеликоптери од типот „Мистрал“ на 14 ноември, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на претставник од синдикатот на бродоградилиштето каде што се гради бродот.

Засега оваа дата не е официјална.

Договорот за испорака на два носачи на хеликоптери беше склучен меѓу француската компанија DCNS и „Рособоронекспорт“ во 2011 година. Вредноста на договорот изнесува 1,2 милијарди евра.

Претходно шефот на администрацијата на рускиот претседател, Сергеј Иванов изјави дека Русија ќе ја тужи Франција на суд доколку условите за испорака на „Мистралите“ не бидат почитувани. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња