Иванов: економијата на Русија во последните десет години стана посилна

Според Иванов, економијата се развива побрзо од војската.

Шефот на администрацијата на претседателот на Русија, Сергеј Иванов изјави дека економијата на Русија во последните десет години стана посилна, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

„Русија во последните десет години стана далеку посилна на економски, отколку на воен план. Да, точно е дека има многу тешкотии и проблеми поради т.н. санкции против нас“, забележа Иванов.

Тој додаде дека сега Русија може да си дозволи да гради на Јужно-Курилските острови, или да изгради пат од Чита до Хабаровск. „Тоа исто така предизвикува одредени чувства кај нашите партнери“, заклучи шефот на администрацијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња