ММФ не очекува рецесија во Русија во 2014 и 2015 година, но даде намалена прогноза за раст на БДП

Меѓународниот монетарен фонд не очекува рецесија во Русија во тековната, ниту во 2015 година, но растот на БДП ќе изнесува 0,2% и 0,5%, се кажува во извештајот на работата на комисијата при ММФ.

Меѓународниот монетарен фонд не очекува рецесија во Русија во тековната, ниту во 2015 година, но растот на БДП ќе изнесува 0,2% и 0,5%, се кажува во извештајот на работата на комисијата при ММФ.

Притоа, според мислењето на мисијата, геополитичката ситуација, санкциите и мерките кои Русија ги презема како одговор на санкциите – ќе ја засилуваат неопределеноста и опасноста од понатамошна ескалација во економската состојба и инвестициите.

„Ја изменивме нашата прогноза за економски раст за следната година од 1% на 0,5% поради геополитичката напрегнатост. За 2014 не ја менуваме прогнозата“, изјави советникот на Европското одделние на ММФ, Антонио Спилимберго на конференцијата за печатот во средата.

„Одливот на капитал, како што се очекува, ќе изнесува годинава 100 милијарди долари, и иако малку ќе се намали, сепак, ќе остане висок во 2015 година“, забележуваат експертите на ММФ.

Според прогнозите на фондот, инфлацијата ќе се одржи на ниво повисоко од 8% годинава.

Експертите на фондот им препорачуваат на руските власти да ја зачуваат стабилната и предвидлива макроекономска политика, која вклучува почитување на буџетското правило и намалување на инфлацијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња