Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев е уверен дека санкциите од Западот, порано или покасно, ќе завршат.
„Порано или покасно ќе се договориме, санкциите не може да траат вечно“, изјави Медведев во интервју за програмата „Вести во сабота“.
Кон крајот на јули ЕУ и САД воведоа санкции против одделни физички лица и компании, како и против цели сектори од руската економија. Како одговор на тоа, Русија воведе забрана за увоз на одредени производи од државите кои воведоа санкции против неа.
Повеќе околу темата: Колку се критични за Русија новите санкции, Рускиот одговор на санкциите, Какви се санкциите за Русија?, Што можат да направат новите санкции?
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче