Голема меѓународна конференција, посветена на 80-годишнината од раѓањето на советскиот научник Јуриј Обчиников, како и на 55-годишнината од постоењето на Институтот за биоорганска хемија при Руската академија на науки, започна во Москва во понеделник.
На конференцијата, која ќе трае пет дена, ќе биде разговарано за современите достигнувања во областа на биотехнологијата, биоорганската хемија и бионанотехнологиите. Излагачи на своите трудови за време на одржувањето на конференцијата ќе бидат водечките светски и руски специјалисти во тие области. Тие ќе разговараат за современите истражувања - од изучувањето на структурата и функциите на биолошките молекули, до создавање на лекарства врз основа на овие технологии. На конференцијата ќе земат учество научници како лауреатот за Нобеловата награда, Сиднеј Алтман, Анџело Аци, Ернесто Карафоли, Жан-Лук Импле Ричард Пастел, Фердинанд Хухо, Јозеф Шлесинџер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче