Според зборовите на градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, главниот град на Русија увезува многу малку прехранбени производи, а многу продавници одамна се преориентирале на домашните произведувачи. Ова Собјанин го изјави за телевизискиот канал „Русија 1“.
„Ние ја следиме ситуацијата. Во продавниците нема дефицит: ниту во мрежите на продавници, ниту во бутиците, ниту во продавниците за ексклузивни продукти“, подвлече тој.
Градоначалникот е уверен дека производи можат да се увезуваат во Москва и од Аргентина, Бразил, Чиле и од другите држави. Во текот на следните неколку месеци ситуацијата со промената на пазарот на стоки ќе биде регулирана, а трговците ќе се ориентираат на нови испорачувачи, подвлече тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче