САД пречат во носењето одлуки на ОБСЕ за испраќање набљудувачи на руско-украинската граница, соопшти рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
Според неговите зборови, акциите на Вашингтон „често се радикално спротивни со уверувањата и сигналите кои ги добиваме по затворени дипломатски канали“. Како пример за тоа тој ја наведе иницијативата на рускиот претседател Владимир Путин ОБСЕ да надгледува два контролни пункта на руско-украинската граница.
„САД на зборови беа заинтересирани за тоа, а во реалност – тие повеќе од две недели попречуваа на Постојаниот совет на ОБСЕ да донесе одлука, изнесувајќи различни услови и поттикнувајќи го Киев во проектот на одлуката да внесе реченици кои очигледно го осудуваат неуспех овој ангажман“, изјави Рјабков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.