Во Русија ќе се појави мобилна апликација за гастарбајтери

Министерот задолжен за прашањата за Отворената влада, Михаил Абизов, ѝ предложи на Федералната служба за миграција создавање специјална мобилна апликација наменета за гастарбајтерите, пренесува „Интерфакс“.

„Треба да се размисли за создавање на мобилна апликација за емигрантите. Тоа ќе биде апликација која ќе биде барана“, изјави Абизов.

„Ќе треба да се стави во Apple Store, и емигрантот ќе добива пораки, услуги, како и информации како да си ги реализира своите права и потреби“, изјави Абизов.

Според него, емигрантите кои живеат во Москва посебно често ги користат современите средства за комуникација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња