Русија и Украина нема да се жалат во судот во Стокхолм

Русија и Украина се договорија ниту една страна да не се жали на судот во Стокхолм. Ова го изјави директорот на „Гаспром“, Алексеј Милер, веднаш после редовната рунда преговори во врска со гасот меѓу трите страни, одржани во Брисел.

Според неговите зборови, украинската страна ја прифатила процената за рускиот гас од страна на Европската комисија (од 350 до 390 долари за илјада кубни метри). Милер не исклучи дека на 9-ти јуни ќе бидат постигнати договори со Украина.

Во понеделникот Русија доби од Украина 786,4 милиони долари за гасот кој Украина го потроши во февруари и март. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња