Вчера од рускиот космодром Плесецк беше лансирана балистичката ракета РС-24 (Јарс), опремена со боева глава со способност за разделување на повеќе делови. Лансирањето беше извршено во 10:40 часот по московско време, пренесува ИТАР-ТАСС.
Игор Егоров, претставник од Министерството за одбрана, изјави дека „основна задача на лансирањето е да се осигури квалитетот на новите ракети кои се произведуваат во Удмуртија“, изјави тој.
Лансирањето беше извршено од мобилен лансирен уред.
Ракетата РС-24 доаѓа како замена за веќе застарените РС-12М (Топољ) и РС-18 (Стилет).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче