Роскосмос заедно со Росатом и мобилниот оператор „Билајн“, објавија дека ќе започнат со акцијата „СМС на МВС“, која ќе биде посветена на Светскиот дена на авијацијата и космонаутиката, пренесува „Интерфакс3, повикувајќи се на прес-службата на Роскосмос.
„На 12 април секој кој сака ќе може да се приклучи на празнувањето. За да биде испорачана СМС пораката на Меѓународната вселенска станица, треба да се испрати порака на краткиот број 1204. Во текот на целиот ден пораките ќе се објавуваат на официјалниот твитер посветен на акцијата“, забележаа во Роскосмос, додавајќи дека пораките ќе бидат бесплатни.
Во Роскосмос подвлекуваат дека на 11 април ќе се одржи видеомост, на кој ќе се претстави новиот проект. Телемостот ќе ги поврзи Москва, Санкт Петербург, Екатеринбург, Новосибирск и Меѓународната вселенска станица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче