Повеќето Руси ќе го поддржат раководството на државата доколку меѓу Русија и Украина дојде до војна. За ова сведочат податоците добиени од анкетата на „Левада-центар“, објавени на интернет-страницата на организацијата.
Според анкетата, 74% од анкетираните ја потврдија спремноста да ја поддржат државата во случај на можна војна. Притоа, повеќе од половина од граѓаните на Русија сметаат дека не е можно да дојде до војна.
Само 13% од анкетираните се уверени дека нема никакви шанси да се случи конфликт, а 53% сметаат дека шансите за тоа се мали, додека 23% сметаат дека е возможен таков конфликт во иднина. 77% од анкетираните сметаат дека виновник за влошувањето на односите меѓу двете земји е Киев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче