Сегашното раководство во Киев планира да најми западна компанија за да ги растерува проруските протести на истокот на Украина, соопшти извор во Службата за безбедност на земјата.
„Станува збор за приватната воена компанија Gerystone Limited“, изјави соговорникот за ИТАР-ТАСС.
Според неговите зборови, украинските власти сметаат дека управата на Службата за безбедност на Украина во источните региони не е во состојба да ги растераат протестирачите и да ги неутрализираат активистите на проруското движење.
„Поради тоа, одлучено е да се ангажираат странски наемници кои ќе ја заштитат државната безбедност“, прецизираше претставник на Службата за безбедност на Украина.
Тој додаде дека оваа иницијатива е покрената од олигарсите Игор Коломојски и Сергеј Тарут, поставени за губернатори во Днепропетровск и Донецката област.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче