Владата на Русија ќе издели милијади евра за физичката култура и спортот

На 2 јануари Владата на Русија ја утврди Концепцијата за федералната програма „Развој на физичката култура и спорт во Руската Федерација од 2016 до 2020 година“. Според прогнозите за финансирањето на истата, предвидени се околу 2,15 милијарди евра.

Програмата предвидува изградба на 352 нискобуџетни објекти за спорт.

Екипите на Русија за сите видови спорт кои ќе учествуваат на Олимписките и Параолимписките игри ќе добијат свои центри за тренинзи. Се планира изградба на пет федерални спортски центри за подготовка во планински услови. Двесте детски спортски училишта ќе добијат вештачки фудбалски полиња, а ќе се изврши ремонт на спортските објекти во состав на 9 универзитети. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња