Задолжените за контрола во автобусите ќе ги фотографираат лицата кои ќе бидат фатени без возен билет во јавниот транспорт во Москва, и истите ќе бидат објавени на виртуелна „табла на срамот“, пишува изданието М24. Како што се пренесува во статијата, на соработниците во јавниот транспорт веќе им се дадени повеќе од 100 апарати за фотографирање на нарушителите.
„За да случајно не згрешат, лицата задолжени за контрола ќе добијат специјални рачни терминали кои ќе дозволат во реално време да се проверуваат сите видови билети“, се додава во статијата.
„Таблата на срамот“, каде ќе се објавуваат фотографиите на лицата кои немаат билет ќе се појави на интернет-страницата на московскиот оддел за транспорт. Дали ќе се објавуваат имињата на „шверцерите“, засега не е јасно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче