Рамзан Кадиров го нарече „историски“ говорот на Владимир Путин за време на средбата со муфтиите во Уфа. Ова е пренесено на конференцијата за печатот во владата на Чеченија.
„Тоа не е само говор. Тоа е најважен документ кој дава одговори на многу прашања поврзани со местото и улогата на исламот во Русија“, изјави Кадиров.
Според неговите зборови, „Владимир Путин докажа дека во Русија сите религии се исти, имаат можност да се развиваат, да учествуваат во општествено-политичките процеси“.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, настапи во Уфа на советот за меѓунационални односи на 22 октомври.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче