„Руската авангарда. Сибир и Истокот“ ќе биде претставена во Фиренца во септември

„Руската авангарда. Сибир и Истокот“ е изложба која ќе биде претставена во Флоренца на 27 септември. Во експозицијата ќе се најдат дела од најдобрите уметници-авангардисти, вдахновени од кинеските и јапонските гравири, индиските философски учења и шаманските ритуали, изјави за РИА Новости кураторот на експозицијата, Евгенија Петрова.

„Може да се каже дека авангардистите не се првите уметници кои го посветиле своето внимание на културата од другите држави, бидејќи од 18 век имало доста патописци и уметници кои ги забележувале своите патувања. Дополнително, на преминот од 19/20 век Борисов и Коровин, на пример, се наоѓале на Север, и тоа било познато во културниот живот на Русија од тоа време“, изјави Евгенија Петрова. На тој начин, според неа, „почвата била подготвена и авангардистите позајмиле некои нешта и ги стилизирале“.

На изложбата ќе можат да се погледнат 120 слики и скулптури создадени во периодот од 1890 до 1930 година и етнографски предмети, вклучувајќи ги делата на Леон Бакст, Александар Бенуа, Павел Филонов, Михаил Ларионов, Владимир Татлин и Николај Рерих. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња