И покрај експлозијата на подморницата „Синдуракшак“, Индија и понатаму ќе купува од Русија подморници. Военото раководство на државата разгледува можност за земање под лизинг на неколку дизел подморници од проектот 877 (НАТО - Kilo), за да не допушти слабеење на подморничката флота, напиша во петокот весникот Hindustan Times, повикувајќи се на извори во ВМС.
Освен дизел подморници, во составот на индиските ВМС влегува и нуклеарната подморница „Чакра“, поранешната руска „Нерпа“, која во 2012 година Русија ја даде на Индија на рок од 10 години.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.