Единствена варијанта од која Едвард Сноуден нема ништо да изгуби - е да остане во Русија неодреден период, пишува The Washington Post. Како што забележува весникот, ако програмерот сѐ уште не заминал од Москва во некоја друга земја, тогаш нему најмногу му одговара да купи шубара и да најде некоја добра вила во Русија.
Според мислењето на изданието, другите варијанти на Сноуден или веќе пропаднале, или се премногу ризични. Така, Едвард веќе побегна во Хонгконг, но кога стана јасно дека таму нема да добие азил, тој стави и други земји на својата листа. Сакаше да замине и во Исланд, но Исланд не сака намерно да ги влошува своите односи со САД, се кажува во статијата.
Освен тоа, како што пишува весникот, до Куба не успеа да стигне поранешниот соработник на ЦИА, а со Еквадор ситуацијата не е јасна до крај. Либералните држави како Данска и Нов Зеланд сакаат да му помогнат, но тешко дека ќе може да го примат кај себе, забележува весникот. Авторот додава дека Куба, Еквадор или некоја друга држава која е доволно непријателски настроена кон САД, најверојатно нема да го прими програмерот поради економски причини.
Тоа не може да се каже за Русија, смета весникот. Во забелешката се кажува дека Русија не е либерална демократија, или барем не се смета за таква. Освен тоа, Русија е доволно голема и моќна за да не се грижи од реакциите на САД. Ако Сноуден сака да ја избегне „долгата рака на американското правосудство“, тогаш Русија за него е најдобрата варијанта.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче