Пушков: САД да не прави скандали околу случката со Сноуден

САД не треба да прават никакви скандали околу случката со Едвард Сноуден.

САД не треба да прават никакви скандали околу случката со Едвард Сноуден. Ова за ИТАР-ТАСС го изјави шефот на комитетот во Думата за меѓународни работи, Алексеј Пушков, коментирајќи ги изјавите на американскиот сенатор Чарлс Шумер.

Сенаторот Шумер се закани со „сериозни негативни последици за билатералните односи меѓу Русија и САД“ поради она што се случи вчера со Сноуден во Москва.

Пушков од своја страна е изненаден од зборовите на Шумер.

„САД во последниве 6 месеци не направија апсолутно ништо за Русија да се чувствува обврзана и со внимание да се однесува кон обеспокоената Америка“, подвлече рускиот пратеник.

Тој напомна дека имено од конгресот на САД е донесен „законот Магнитски“. Како одговор на тоа Русија го донесе „законот Дима Јаковлев“.

Пушков додаде дека транзитот на Едвард Сноуден преку Русија не треба да го менува карактерот на руско-американските односи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.