Лавров : Темата за употреба на хемиско оружје во Сирија е изговор за интервенција

Изговори и одолговлекување на решавањето на сирискиот проблем.

Темата за примена на хемиско оружје во Сирија останува предмет на шпекулации и провокации и може да се искористи како изговор за интервенција во земјата, изјави денес на прес-конференцијата министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Според зборовите на Лавров, неопходно е да се утврдат сите факти кои се поврзани со примената на хемиско оружје во Сирија. „Ние и понатаму очекуваме од нашите турски колеги информации поврзани со апсењето на бунтовникот со сарин на нивна територија. Би сакале да ги разјасниме сите овие прашања“, додаде министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња