Русија ќе земе ДНК од сите затвореници

Руската Федерална служба за извршување казни од сите затвореници ќе земе примероци од ДНК.

Руската Федерална служба за извршување казни од сите затвореници ќе земе примероци од ДНК. Канцеларијата веќе ги нарача првите 190.000 комплети за земање крв.

Прво Канцеларијата ќе собере анализи на оние кои се осудени за тешки кривични дела, а потоа на сите останати. Според нив, се работи за околу 700.000 затвореници.

Примероците на ДНК ќе ѝ помогнат на полицијата во пронаоѓањето на престапниците. Секоја година од руските колонии се пуштаат на слобода околу 300.000 луѓе, а секој петти од нив повторно врши кривично дело. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња