Грузија ќе оди во Сочи

Грузија ќе учествува на Олимписките игри во Сочи.

Националниот олимписки комитет на Грузија на вонредна средба во четвртокот донесе одлука да земе учество на Зимските Олимписки игри во Сочи, 2014.

Локалните медиуми информираат дека одлуката е донесена едногласно. Гласале 46 делегати претставници од различни атлетски федерации регистрирани во Националниот олимписки комитет.

Претседателот на Националниот олимписки комитет на Грузија, Лери Хабелов после гласањето честиташе за одлуката: „Донесовме одлука водени од атлетски разлози и драго ми е дека тренинзите на олимпијците не беа залудни“, рече тој и посака успех во Сочи.

Тој потенцира дека до 7 мај, Националниот олимписки комитет на Грузија ќе ја испрати официјалната апликација до Меѓународниот Олимписки комитет, за учество на Олимпијадата во Сочи, 2014. 

Инаку, Русија и Грузија немаат дипломатски релации, па ваквата одлука оди во прилог на подобрување на нивните односи.


Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња