Од аеродромот Плесецк успешно е лансиран уште еден сателит од системот ГЛОНАСС

Во Русија успешно е лансиран уште еден сателит кој ќе влезе во групата сателити кои го сочинуваат системот за глобално позиционирање ГЛОНАСС.

Во Русија успешно е лансиран уште еден сателит кој ќе влезе во групата сателити кои го сочинуваат системот за глобално позиционирање ГЛОНАСС. Лансирањето е извршено од космодромот во Плесецк.

„Во петокот на 26 април во 9:23 по московско време од четвртата лансирна рампа е лансиран „Сојуз 2.16“ со космичкиот апарат „Глонасс-М“, изјави официјален претставник на министерството за одбрана.

Сите операции пред летот и за време на летот биле нормални.

Според информации од Министерството за одбрана, во составот на орбиталната група ГЛОНАСС има 29 сателити, од кои 23 се користат активно, 2 се времено деактивирани заради технички сервис, а уште 3 сателита ја сочинуваат орбиталната резерва на овој систем. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња