Претставена е нова концепција за развој на музејот на Булгаков

Решението за модернизација на музејот на Булгаков е донесено пред една година.

Решението за модернизација на музејот на Булгаков е донесено пред една година, кога одделот за култура реши да не го продолжува договорот со директорот на музејот – Ина Мишина. Тогаш беше објавен конкурс за концепција за понатамошен развој на музејот. На конкурсот победи Олга Мосвкина од студиото на италијанскиот архитект Габриеле Филипини. Архитектите изјавија што конкретно ќе направат во музејот -

според замислата на авторот на проектот, музејот ќе се состои од неколку зони – исто како во просториите предвидени за изложба. Архитектите предлагаат зазеленување на кругот од метро станицата „Мајаковскаја“ до Патријаршиските рибници (каде се одвива дел од дејствието во „Мајсторот и Маргарита“). Во Патријаршиските рибници ќе биде поставена сцена која ќе се користи за претстави.

Музејот нема да биде посветен на некој конкретен период во животот на Михаил Булгаков, туку ќе раскажува за почетокот на историјата на станот број 50, кој е опишан во „Мајсторот и Маргарита“.

Засега не е познато името на новиот раководител на музејот, а исто не се познати роковите за остварување на проектот. Од дебатите на форумот за литературни музеи стана познато дека музејот ќе ризикува да разочара дел од убедените дисиденти и антисталинисти, за кои Булгаков секогаш ќе остане врвен руски писател, маченик, кој во „Мајсторот и Маргарита“ ја внел сета апсурдност на сталинските репресии. Сепак, авторите кажуваат дека во музејот ќе им биде интересно на сите – и на тие кои наизуст о знаат Булгаков, и на учениците кои за прв пат слушаат за него. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња