Го снема документот за распадот на СССР

Историскиот документ за прогласување на распадот на Советскиот сојуз недостасува од архивата.

Историскиот документ за прогласување на распадот на Советскиот сојуз недостасува од архивата, изјави поранешниот претседател на Белорусија, Станислав Шушкевич. Тој открил дека оригиналот на овој документ од 1991 година го нема, додека ги пишувал своите мемоари.

„Тешко е да се поверува дека недостасува документ од ваква важност, но тоа е факт“, изјави Шушкевич на агенцијата Associated Press.

Шушкевич верува дека овој документ е украден, веројатно со намера да биде продаден на некој колекционер.

Шушкевич на 8 декември 1991 година тајно се состанал со претседателите на Русија и Украина (Борис Елцин и Леонид Кравчук) во Беловешката шума во Белорусија. Таму тие потпишале договор, според кој СССР „престанува да постои како субјект во меѓународното право и геополитичката реалност“. Врз основа на тој договор е создадена Заедницата на независни држави, лабава унија на поранешните советски републики. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња