Странците кои добиле руско државјанство ќе ги повикуваат на служба во руската армија

Владата го одобри предлог-законот, според кој во руската армија ќе се повикуваат и странците кои добиле руско државјанство.

Владата го одобри предлог-законот, според кој во руската армија ќе се повикуваат и странците кои добиле руско државјанство. Исклучок ќе бидат само граѓаните на тие земји, со кои Русија има соодветни договори.

Законот предвидува укинување на постоечкот закон, според кој се ослободуваат од воена служба оние граѓани кои веќе ја поминале службата во друга земја. Исклучок ќе биде направен само за жителите на Таџикистан и Туркменистан, како и за граѓаните кои имаат над 27 години.

Во Министерството за одбрана, каде е создаден предлог-законот, го објаснија истиот како реакција на големиот број луѓе кои го одложуваат служењето, кои не сакаат да служат во армијата, а исто така и поради намалувањето на бројот на регрути поради демографската ситуација.

Воениот рок во Русија изнесува 1 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.