Во руското законодавство не постои термин „млечна кујна“, но постои гаранција за квалитетна исхрана за бремени жени, доилки и деца до тригодишна возраст. Првично млечните кујни беа создадени на почетокот на ХХ век во Санкт Петербург, но токму во советско време ги имаше буквално во секое село. Денес во Русија не постои таков централизиран систем и млечните кујни ги нема секаде. Сепак, во многу региони на земјата, и ден-денес бесплатно може да се добијат пакети со млечни производи или паричен надомест.
Првата млечна кујна беше отворена 1901 година во градското прифатилиште во Санкт Петербург. Беше наменета не само за деца-бездомници, туку и за вонбрачно родени деца, како и за деца чии мајки починале за време на породувањето (овие деца можеа да се вратат во семејството откако ќе наполнеа една година). Со цел да се намали исклучително високата смртност на новороденчињата, особено на предвремено родените бебиња, во прифатилиштето беше организирано дополнителна исхрана.
Најпрвин на децата им се даваше млеко набавено од доилки, а потоа постепено се премина на кравјо.
Малку подоцна, во 1904 година, беше отворена станица за подготовка на млеко за новороденчиња, од каде што се дистрибуираше во аптеките. Мајките можеа да го добијат врз основа на лекарска потврда. Овој систем беше познат како „капка млеко“.
Млечна кујна, 1937.
Череповецкое музейное объединениеВо 1912 година, во Московскиот образовен дом беше отворена „млечна соба“. Таму секојдневно се подготвуваа преку 2000 тегли млеко, а во 1916 година дури 4000. Вкупно во земјата функционираа околу 40 „млечни соби“, што секако беше многу малку.
По револуцијата од 1917 година, практиката на млечна прихрана почна интензивно да се развива на државно ниво.
Работници во млечна кујна, 1982.
Евгениј Логинов/TASSВо раните советски години државата се бореше против неухранетоста и кај возрасните и кај децата, особено кај новороденчињата. Млечни кујни почнаа да се отвораат во прифатилиштата (по револуционерните настани во земјата имаше многу бездомници), како и во болниците.
Децата добиваа од државата млеко, кефир и сирење.
За време на опсадата на Ленинград за време на Втората светска војна, децата без разлика на возраста одеа во млечната кујна при поликлиниката каде добиваа млеко, каши и адаптирани млечни формули.
Ерменска ССР, 1987.
Рубен Мангасарјан/SputnikПо Втората светска војна, млечните кујни почнаа да се шират низ целата земја. Во 1966 година Министерството за здравство на СССР пропиша основање млечни кујни за новороденчиња. Најпрвин бесплатната исхрана беше наменета само за семејства со повеќе деца, но потоа стана достапна за сите деца до една година возраст.
Основната специфичност на овие пунктови беше тоа што сè се подготвуваше на лице место и се издаваше по рецепта, која требаше да се набави во строго одреден ден секој месец, а потоа да уште и да се стои во ред за производите. Кујната работеше само наутро, од 7 до 11 часот. Тука се делеа производи донесени директно од фабриките за преработка на млеко. Роковите на траење беа многу кратки, ден или два. Во детските млечни производи не смееја да се користат конзерванси. Млекото и кефирот се делеа во стаклени шишиња, кои требаше да се вратат следниот ден.
Млечна кујна во Москва, 1992.
Сергеј Калачев/TASSВо млечните кујни производите не се продаваа, можеа да се добијат само врз основа на упат од лекар. Рецептот што се добиваше од лекар еднаш месечно требаше да се предаде во пунктот за издавање на производи.
Денес ги нема во сите региони на Русија. Според Федералниот закон „За основите на заштитата на здравјето на граѓаните“, секој регион самостојно го регулира начинот на кој ќе обезбеди „адекватна исхрана“ за бремените жени, доилките и децата до тригодишна возраст преку специјални пунктови.
Во Москва, на пример, функционираат над 250 „пунктови за поделба на млечни производи“. Таму веќе ништо не се подготвува, само се делат млечни формули, овошни пиреа, кашички, сокови од разни производители. Има пакети за деца (до 3 години, или до 7 години за семејства со повеќе деца), за трудници и доилки. На пример, мајките во пакетот можат да добијат витамини, млечна формула за новороденчиња, а децата од една до три години возраст сирење и кефир. За редовно да ги добивате производите доволно е само еднаш да извадите лекарска потврда и потоа секој месец да ги нарачувате производите онлајн. Пакетот за еден месец тежи околу 10 килограми.
Додека во Башкирија и Нижни Новгород „млечната кујна“ е предвидена само за семејства со послаба финансиска состојба. Пакетите се поскромни, но вклучуваат и млечни формули, млечни производи и каши. Тука спаѓаат и специјализирани формули, доколку ги препише лекар. Во Екатеринбург се бесплатни млечните производи предвидени само за деца до 8 месеци старост, а до три години само за сиромашни семејства.
Во Тјумен воопшто нема млечни кујни, но финансиски послабите семејства можат да добијат еднократна помош за исхрана на деца во износ од 10 илјади рубли (околу 100 евра).
Во Московската област исто така нема млечни кујни, но за истата намена може да се добие месечна финансиска помош (максимум 1000 рубли месечно или околу 10 евра).
Во Самара нема бесплатни производи или парична помош за прехранување на децата, но има млечни кујни во кои може да се купат детски млечни пакети по цени просечни за регионот. Млечните производи се прават на лице место од природно млеко. Сличен систем функционира и во Ростов на Дон.
Млечните кујни се само една од специјалните мерки за поддршка на семејствата со деца во Русија. За други мерки ќе зборуваме во следната статија на оваа тема.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче