Кадар од емисијата „Ералаш“
Шахвердиев/SputnikЕмитувањето на телевизиската програма во СССР беше под строга контрола на државата. Затоа практично сите емисии го пренесуваа „гласот на партијата“. Тоа се однесуваше и на телевизиската програма наменета за младата публика која, заедно со училиштето, летните кампови и младинските организации, имаа задача да обликуваат „примерен граѓанин“.
Редовното емитување на телевизиска програма на територијата на Советскиот Сојуз започна во 1938 година. Во тоа време имаше само еден канал, на кој програмата се емитуваше само во одредено време од денот - од 20:00 до 24:00 часот. Телевизијата во тоа време беше луксуз, ретко која куќа имаше тв-приемни, а изгледаше како голема кутија со мал црно-бел екран.
Но, до педесеттите сè се промени. Емитувањето на програмата траеше од 9 наутро до полноќ, а бројот на телевизори во домовите на обичните граѓани надмина еден милион примероци. Емисиите за деца и тинејџери беа важен сегмент од програмата. Што ги учеше партијата советските деца?
Во СССР имаше емисии кои отворено зборуваа за проблемите на младите. Тие се занимаваа со односите со родителите и врсниците, темата на првата љубов, супкултурите на тоа време (на пример, рокерите), децата на улица, наркоманијата итн.
Пример за емисија која се трудеше да разговара со тинејџерите на еднаква основа беше „До 16 и постари“. Се емитуваше од 1983 година и речиси веднаш ги освои младите. Притоа емисијата траеше до 2001 година, кога Советскиот Сојуз одамна не постоеше.
Кадар од „До 16 и постари“
Владимир Родионов/SputnikПокрај емисиите со сериозни теми, се емитуваше и тинејџерска програма со цел на младите да им се всадат морални начела и да се влијае на нивното воспитување. Еден од најпопуларните формати на советската телевизија беше колажен магазин што се состоеше од скечеви или кратки репортажаи и се емитуваше во серии.
Една од таквите култни емисии за многу деца на постсоветскиот простор беше „Ералаш“. Во кратки скечеви од 3-5 минути беше прикажана одредена едукативна содржина проткаена со хумор. Пристапот „да се допре до детските срца преку хумор“ овозможи оваа емисија да се стекне со огромна гледаност. Емисијата ја знаеја сите ученици кои имаа телевизор дома.
Кадар од „Ералаш“
Эдуард Гаврилов; Геннадий Курлаев/Киностудия имени М. Горького, 1990Главните доблести на кои „Ералаш“ ги учеше децата беа чесноста, благородноста, волјата да им се помогне на другите и подготвеноста да се одговори за своите постапки. А главните ликови во скечевите беа деца и тинејџери, со кои гледачите лесно можеа да се идентификуваат.
Додека емисиите што ги учеа децата на морал без хумор наидуваа на слаб одзив. Покрај „Ералаш“, во исто време се емитуваше и циклусот телевизиски емисии „Децата од нашиот двор“, во кои авторите се обидоа да ги научат децата колку е важно да им се помага на другите. Меѓутоа, тоа беше претставено без хумор, и затоа не беше особено популарно. Иако „Децата од нашиот двор“ почна да се прикажува една година пред „Ералаш“ (во 1973 година), емисијата остана на програмата многу кратко.
„Децата од нашиот двор“
Антонина Зиновьева/Центральное телевидение (Телестудия "Орлёнок"), 1973Меѓутоа, советската телевизија не сакаше само морално да ги обликува децата, туку и да им пренесе одредено знаење. Многу емисии што се емитуваа од педесеттите години им кажуваа на децата за тоа како функционира светот околу нив, ги објаснуваа природните процеси и општествените појави на достапен јазик.
Една од најпознатите емисии од тој формат беше „Сакам да знам сé“. Се емитуваше од 1957 година, а беше симната од програмата дури во 2010 година. Во секоја епизода со користење на колажна анимација се дискутираше за научни откритија, растителниот и животинскиот свет и тајните на универзумот.
„Сакам да знам сé“.
ЦентрнаучфильмСо практично применливи знаења и вештини се занимаваше слична емисија наречена „Вешти раце“. Еднаш месечно децата ги учеа да прават работи од пластелин, папје-маше, разнобојна хартија и слично. Емисијата имаше за цел да ја поттикне имагинацијата на децата и тинејџерите, како и да придонесе за развој на фината моторика.
Кадар од емисијата „Вешти раце“
Советское телевидение. ГОСТЕЛЕРАДИОФОНДИнтересно е што „Вешти раце“ не беше само пандан на денешните едукативни емисии, туку и своевидна натпреварувачка програма. Имено, во неа се натпреваруваа две екипи, а победуваше онаа која можеше подобро и побрзо да го направи она што се бара од нив.
Децата учеа и странски јазици со помош на телевизијата. На пример, од крајот на осумдесеттите се појави емисијата „Детски час“ во која младите гледачи можеа на забавен начин да учат англиски, германски и француски јазик.
„Детски час“
ЦентрнаучфильмЕмисијата прикажуваше цртани филмови на странски јазици, како и настапи на детски ансамбли, рецепти за едноставни јадења кои децата можат да ги подготват самостојно. „Детски час“ им ги приближуваше странските јазици на децата преку примена во секојдневниот живот, преку обични работи и активности со кои луѓето редовно се занимаваат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче