Од почетокот на 1930-тите, советската пропаганда воведе подготвителна програма за деца наречена „Подготвен за работа и одбрана на СССР“, од која многу деца беа воодушевени. Играњето „војна“ беше омилена забава.
Се разбира, децата користеа евтини пластични пушки или ги правеа од дрво.
По Втората светска војна децата не си играа некаква измислена војна, туку целта на нивната игра беше да се одбранат од „нацистите“. И, се разбира, никој во играта не сакаше да биде нацист.
Но за игра понекогаш им беше доволна и топка. Децата исто така користеа и разни други предмети во играта: од стаклени шишиња до празни конзерви.
Покомплицирани игри се играа и во пионерските кампови и градинките. На оваа фотографија децата играат куглање на маса.
Една од најпопуларните игри меѓу девојчињата беше скокање јаже. Девојчињата скокаа јаже секогаш и на секое место: на училишниот одмор, по часовите, за време на распустот, во парк, па дури и дома, нервирајќи ги другите станари на малите советски станови и претставувајќи опасност за лустерите и светилките.
И беше лесно да се собере друштвото: две девојчиња го вртеа јажето, додека другите скокаа една по една. Победничка беше онаа што повеќе пати ќе го прескокнеше јажето.
Подоцна, многу девојчиња се префрлија на играње ластик, која беше покомплицирана и многу интересна. Тие можеа да играат ластик дури и во училишните ходници. Возрасните ја разбираа важноста на физичките активности за релаксација помеѓу часовите.
И, се разбира, девојките си играа со кукли. Понекогаш куклата ја наследуваа од нивната постара сестра, па дури и низ неколку поколенија.
Секое советско дете сонуваше за играчка-автомобил, а оние кои имаа среќа да имаат заслужуваа привилегиран статус меѓу другарите. Беше прашање на чест да му се дозволи секому малку возење. Во Советскиот Сојуз особено се инсистираше на делба.
Но, ако немавте автомобил, било што на тркала, стара торба на тркала или детска количка, тоа беше доволно за фантастично да си поминете.
Во многу дворови во Русија и ден-денес можете да најдете кутија со песок. Тоа беше една од омилените забави за руските деца. Можеа да си играат во песок со часови! Имаа пластични калапи за правење „колачи“, замоци и разни животни.
Понекогаш не беа потребни дури ни кутија за песок ни калапи... Само малку земја на улица и некоја стара шолја беа доволни за уживање.
Меѓутоа, овие игри понекогаш стануваа сложени градежни потфати.
Овде можете да видите две игри. Една од нив е фудбал, буквално најпопуларната игра во СССР, која момчињата ја играа во текот на целата година. А другата е цртање со креда. Бетон имаше речиси насекаде, така што имаше простор за цртање имаше во изобилство.
Многу советски деца сонуваа да станат пилоти, па често правеа макети на авиони.
Но, дури и без никакви играчки, алатки или опрема, можевте да се забавувате со групни друштвени игри. На пример, играта на сликата подолу се вика „Скини го синџирот“. Член на еден тим се обидува да го пробие синџирот што го формирале членовите на спротивниот тим држејќи се за раце.
Многу дворови имаа игралишта со различни видови вртелешки, качувалки и лулашки.
Некои деца правеа такви вратоломии на овие справи кои денешните родители не би можеле ни да ги замислат, а камоли мирно да гледаат такво нешто!
Советските деца, како во град, така на село, секогаш можеа да најдат место за играње... ако им здодееше дворот, тие ќе тргнеа во потрага по авантура, посетувајќи ѓубришта, напуштени згради и други места кои всушност не смееја да ги посетат. Родителите не ги следеа многу, така што децата имаа можност самите да истражуваат...
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче