- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Сергеј (33 години) и Едуард (56) мајсторски изведоа принудно слетување во поле со жито на 180 километри од Новсибирск и ги спасија животите на 161 патник.
Ural Airlines
„Луѓето се живи, авионот е само конзерва, а капетанот е Господ Бог“, го коментираше инцидентот со авионот генералниот директор на авиокомпанијата Сергеј Скуратов.
Авионот Airbus A320 на 12 септември леташе од Сочи за Омск, но мораше принудно да слета. Според информациите на „Известија“ и „Телеграм каналот 112“, на авионот му откажал системот со хидраулика.
Кирил Кухмар / TASS
Во авионот имаше 161 патник (меѓу нив 21 дете) и 6 членови на екипажот. Сите беа евакуирани. При прегледот, кај двајца возрасни лекарите констатираа само модринки, двајца патници имаа повишен крвен притисок, а еден доби напад на бронхијална астма. Никој не е сериозно повреден. Сите деца се надвор од животна опасност.
Горди сме на нашите херои!