Animaccord, сопственик на една од најпопуларните детски емисии во светот „Маша и мечокот“, сними нова, седма сезона од анимираната серија. На 7 септември авторите на проектот им претставија на гледачите нови епизоди од цртаниот филм на каналот на YouTube „Маша и мечокот“.
Студиото соопшти дека новата сезона излегува надвор од подрачјето на шумата и дека јунаците на серијата ќе се најдат во градско опкружување. „Во куќата на мечокот се појавуваат жителите на градот, а ликовите од новогодишната бајка „Маша и мечокот: 12 месеци“ Јануари, Декември и другите стануваат полноправни јунаци на серијата“, објаснуваат од прес-службата.
„Маша и мечокот“ е руски анимиран проект на студиото Animaccord, кој беше прогласен за најбарана забавна програма за деца од предучилишна возраст на меѓународно ниво, а воедно е и најгледан цртан филм на YouTube. Вкупниот број на прегледи на оваа цртана серија на YouTube надминува 147 милијарди. Проектот освои 58 награди YouTube Creator Awards, вклучувајќи седум „Брилијантни тастери“. „Маша и мечокот“ се прикажува на над 45 јазици.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче