- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Изразот „да се поткова болва“ на руски значи да се направи некоја филигранска работа. Изразот потекнува од расказот „Левучар“ (Левша) од Николај Лесков, напишана на крајот на XIX век. Според сижето на овој расказ, англиски мајстори се фалиле дека направиле ситна челична болва, а тулскиот мајстор Левша буквално ја потковал. На тој начин тој ја покажал технолошката супериорност на руските оружари.
Press photo
Расказот на Лесков е измислена, но во модерна Русија навистина постои мајстор кој поткова болвата и направи уште стотици други микроминијатури. Неговото име е Анатолиј Коненко, има 69 години.
Press photo
Меѓу неговите дела се:
- аквариум долг 30 мм со жива риба,
- златна потковица со димензии 0,25 x 0,2 mm
- минијатурен модел на бас-гитарата на групата Scorpions
- Ајфеловата кула, намалена сто илјади пати, на антена на комарец со големина 3,2 mm
- миникопија на првиот вештачки сателит на Земјата 0,005 mm
- потписот на првиот космонаут Јуриј Гагарин, изгравиран на зрно ориз
- минијатурен албум „Освојувачите на вселената 1961-2011“ и многу повеќе.
Уметник и пронаоѓач
Една година пред да дипломира на Факултетот за сликарство и графика на Омскиот педагошки универзитет во 1981 година, Анатолиј се запрашал: кој би бил најмалиот портрет што може да се направи а на него да можат да се воочат сите детали на човечкото лице?
Press photo
„Јас сум сликар, а моето второ образование е пронаоѓач. Затоа уметникот и пронаоѓачот во мене се надополнуваат! Пробав многу работи и на крајот заклучив дека најмногу непознаници за еден уметник се кријат во правењето нешто многу, многу ситно“, објаснува Коненко.
Press photo
Преку обиди и грешки ги намалувал и инструментите со кои работи, и димензиите на материјалите. За да доведе до совршенство сé му требале 15 години, признава овој уметник.
Сега на Коненко му треба околу еден месец да создаде едно комплицирано дело. Мини-аквариумот, кој е на листата на Гинисови рекорди како најмал аквариум на светот, го направил за три недели. Тука немало микроделови, но работата со живи зрнца икра и спори на билки, алги и капиларен систем за снабдување со воздух барала посебен пристап.
Press photo
„Задачата беше таму да живеат вистински риби, на кои им се доведува воздух и од дното се издигнуваат мали меурчиња, а тоа е многу комплицирано да се направи во вода“, објаснува Анатолиј.
Press photo
Според него, микрочетките и ножевите во неговите раце се движат во такт со отчукувањата на срцето - така пулсираат крвните садови на врвовите на градите. Затоа, за прецизна работа, потребно е да се уловат моментите меѓу отчукувањата на срцето. „Треба само да го фатите ритамот и тогаш работата добро напредува. Понекогаш дури пуштам и музика за медитација“, вели овој уметник.
Омски мотиви и изложби во странство
Press photo
Авторот им дава посебна смисла на микроминијатурите посветени на Омск, каде што живее денес. По повод 300-годишнината на Омск во 2016 година уметникот смести влакно во средината на буквата О во зборот „Омск“, направено од зрнца песок на бела керамичка плочка. Притоа песокот за овој проект го собираше на сливот на блиските реки Иртиш и Ом. Покрај тоа, секоја буква од името на градот е направена од зрнца песок чиј број одговара на редниот број на буквата во азбуката.
Press photo
„Ова дело се наоѓа во нашиот музеј и многу луѓе доаѓаат, го читаат и се прашуваат: „Зошто е направено? Зошто е тоа потребно? Зошто така, а не поинаку?' - а одговорот е: да привлече внимание“, вели Анатолиј.
Делата на Коненко привлекуваат внимание и во странство. Досега има организирано изложби во САД, Германија, Франција, Чешка, Шпанија, Јапонија и Кина.
Press photo
„Луѓето покажуваат еднаков интерес. Очигледно е дека сакаат да ја доживеат магијата, прашувајќи се како е можно да се направи нешто толку ситно. Не им е јасно како може да се направи книга со големина од 1 милиметар. Умот не може да разбере, но тоа го гледаат со свои очи“, вели Коненко.
Демонстрации за затвореници и вредноста на делата
Постои и посебна категорија на љубители на неговото творештво. Ним Коненко лично им ги носи своите дела. Имено, тој три пати месечно ги посетува затворите.
Press photo
„Има многу затворски колонии, едноставно немам време да одам на сите места каде што ме канат. Затворениците се благодарна публика, тие секогаш се заинтересирани да го видат она што е тешко да се најде дури и во музеите. Среќни се што сте им донеле нешто, сте им покажале и разговарале за тоа. Во музеј можат да дојдат обични луѓе. А тие не можат. Затоа јас одам кај нив“, објаснува Анатолиј.
Во светот има само единаесет уметници кои се способни да создаваат дела со вакви димензии. Тие се претежно минијатуристи кои работат на постсоветските простори.
Алексеј Малгавко / Sputnik
Цената на микроминијатурите како аквариумот, поткованата болва, караванот камили, штурецот со виолина, достигнува 50000 евра. Вистина, сега скоро сите купувачи се од Русија. Коненко главно за продажба изработува минијатурни книги со илустрации. Се занимава и со сликарство со обични димензии. Во салата на омската библиотека „Александар Пушкин“ се изложени неговите акварели со пејзажи на Омск.
Алексеј Малгавко / Sputnik
Интересот за неговите дела и нивната висока цена Коненко го објаснува сосема едноставно: „Сé што е направено од човечка рака отсекогаш било барано и скапо. Мајсторите од целиот свет продолжуваат да прават уникатни предмети користејќи традиционални техники, и тие се многу скапи, бидејќи вакво нешто не може да се направи на подвижна лента, во фабрика. Тие истовремено ја чуваат традицијата и ги изработуваат овие предмети, одржувајќи ја побарувачката. И нивниот труд секогаш ќе биде на цена“.
Дмитриј Феоктистов / TASS