Амурската тигрица Усури со тигарчиња во Приморскиот сафари парк.
Виталиј Ањков/SputnikАмурски тигар по име Амур во Приморскиот сафари парк.
Виталиј Ањков/Sputnik95% од популацијата на амурскиот тигар живее во Русија, на територијата на Приморскиот и Хабаровскиот крај, Амурската област и Еврејската автономна област. Останатите примероци живеат на североистокот на Кина и еден број во Северна Кореја. Затоа овој вид се нарекува уште и усурски, сибирски, манџуриски или севернокинески тигар.
Амурски тигар по име Амур во Приморскиот сафари парк.
Виталиј Ањков/SputnikОд шесте постоечки подвидови на тигар, амурскиот е најголем и најсилен. Оваа „крупна ѕверка“ расте во текот на целиот свој живот, може да достигне должина од над два метри и тежина од над 250 килограми. За споредба, суматранскиот тигар е вистинско бебе, тежи најмногу 140 килограми.
Амурска тигрица во Приморскиот сафари парк.
Виталиј Ањков/SputnikОва е единствениот тигар кој пред зимата добива масни наслаги на стомакот со дебелина од 5-6 см и има најгусто крзно. Така опремен, не се плаши од сурови мразови, гладни зими и длабок снег.
На кралот на тигрите му треба и царски простор! Амурскиот тигар во просек контролира територија од 100 квадратни километри. Во текот на денот може да помине 41 км, но обично поминува по десетина. Најголемата брзина што може да ја развие е 72 km/h. Скока 10 метри во далечина и 5 метри во височина, но од такво темпо брзо се заморува, за само 30 секунди. Ако ловечкиот скок не вроди со плод, тигарот нема да ја брка својата жртва долго време – попрво ќе прилегне и ќе се одмори. Не го напаѓа човекот, но покажува жив интерес за неговите движења и ја контролира својата територија.
Тој е сештојад. Може да изеде дури и мечка, но омилен плен му се еленот, дивата свиња и рибата. Нормалната исхрана вклучува 50-70 копитари годишно, а за еден оброк може да изеде 20-40 кг месо, со тоа што дневната норма му е околу 10 кг. Лови најчесто навечер, ноќе и во рани зори, додека дење одмара.
Амурска тигрица со тигарче во сафари паркот „Тајган“ на Крим.
Алексеј Павлишак/SputnikАмурскиот тигар првпат е опишан во 1844 година. Во XIX век на територијата на Русија живееле околу 1000 примероци, а во 1930-тите помалку од триесет. Во СССР во 1947 година беше воведена целосна забрана за лов на амурски тигар. Ова животно е вклучено во Црвената книга. Денеска е предвидена казна за нелегален лов и чување на заштитени животински видови од Црвената книга. Мерките за заштита на овој редок предатор придонесоа за зголемување на неговата популација. Во Русија во 2022 година се изброени околу 750 амурски тигри. Најголема „густина на населеност“ е забележана во националниот парк „Земјата на леопардот“ и резерватот „Кедрова клисура“ (Приморски крај).
Амурската тигрица Усури со тигарчиња во Приморскиот сафари парк.
Виталиј Ањков/SputnikАмурскиот тигар во просек живее 15-18 години. Половата зрелост ја достигнува на четиригодишна возраст. Младенчињата тигри до половина година се хранат со мајчиното млеко, до две години се со мајката, а потоа ги прават првите обиди за самостојно ловење. Со нив живее и таткото, но не учествува во воспитувањето на своите младенчиња.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче