Амурскиот тигар и далекоисточниот леопард се практично спасени од целосно истребување. Ова го изјави директорот на амурската филијала на Светската фондација за дива природа на Русија Петар Осипов.
Како што истакна тој на Источниот економски форум, за зголемувањето на популацијата на грабливци од семејството мачки придонесоа државните програми за развој на националните паркови „Амурски тигар“ и „Земјата на леопардот“. Работата на организациите за заштита на природата, исто така, одигра улога, додаде Осипов.
„Сега овие веќе карактеристични видови за нас ја избегнаа опасноста. Бројот на тигри се зголеми. Според податоците на центарот „Амурски тигар“, станува збор за околу 580 единки... Исто така, ги помина критичните бројки уште еден грабливец, уште една голема мачка - далекоисточниот леопард“, рече претставникот на WWF.
Тој истакна дека сега претстои задача за водење евиденција со цел дефинитивно да се утврди точниот број на единки.
Позитивната динамика на зголемениот број на големи мачки е присутна благодарение на државните програми, зголемувањето на територијата под посебна заштита, работата на организациите за заштита на природата и националните паркови. На пример, целото живеалиште на далекоисточниот леопард во земјата го сочинува територијата на „Земјата на леопардот“. Во него живеат околу 110 леопарди.
За тоа, дека заканата од истребување на исклучително реткиот далекоисточен леопард е практично избегната, зборуваше на Источниот економски форум и специјалниот претставник на шефот на руската држава за прашања за заштита на природата, екологија и сообраќај Сергеј Иванов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче