Кој е Ислам Махачев, новиот шампион на УФЦ во лесна категорија

Ислам Махачев и Хабиб Нурмагомедов

Ислам Махачев и Хабиб Нурмагомедов

Giuseppe CACACE/AFP
Дагестанскиот борец, штитеник на веќе познатиот Хабиб Нурмагомедов, го победи Чарлс Оливеира, принудувајќи го да го предаде мечот во втората рунда.

На 22 октомври 2022 година Ислам Махачев го порази поранешниот шампион од Бразил Чарлс Оливеира во „Етихад Арената“ во Абу Даби. Борецот од Дагестан во втората рунда го принуди Оливеира да се предаде стегнувајќи го со „arm triangle choke“ во втората рунда, откако доминираше во текот на целиот меч со своите моќни удари и вешто борење.

31-годишниот Махачев е трениран од поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов. Новиот шампион му оддаде почит на таткото на Нурмагомедов, тренерот Абдулманап Нурмагомедов, кој почина во 2020 година.

„Абу Даби, ти благодарам. Напорно тренирав за овој момент. Цел живот се подготвував за овој момент“, изјави тој во интервјуто по борбата.

„Само сакам да кажам дека овој појас му припаѓа на мојот тренер Абдулманап Нурмагомедов. Пред многу години ми кажа дека ќе бидам шампион. Сакам да му го подарам овој појас“.   

Махачев зад себе имаше десет последователни победи пред да се соочи со Бразилецот Оливеира.

Во 2014 година дагестанскиот борец потпиша договор со УФЦ за четири борби. Во својот дебитантски меч во УФЦ, Махачев го порази борецот Лео Кунц од Флорида, САД, исто така принудувајќи го да се предаде.

На 3 октомври 2015 година Махачев се бореше со Адријан Мартинс, но загуби од Бразилецот со нокаут. Тоа беше негов прв и досега единствен професионален пораз во УФЦ.

По опоравувањето од тој пораз, Махачев напредуваше во хиерархијата на УФЦ, поразувајќи ги Крис Шејд, Ник Ленц, како и Глесон Тибо со епски нокаут во 57 секунда од првата рунда на таа борба.

Кариерата на Махачев во УФЦ не помина без контроверзии. Борбата меѓу Махачев и Добер беше откажана откако Махачев беше позитивен на мелдониум. USADA ја укина суспензијата по сослушувањето на 2 јули 2016 година.

Во август 2017 година Махачев се повлече од борбата против Мишел Празерез поради повреда. Дагестанскиот борец исто така се повлече од борбата против Франсиско Триналдо во 2018 година.

Пред да дебитира во УФЦ, Махачев ја изгради својата кариера во состав на промотерската куќа M-1 Global со седиште во Санкт Петербург, Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња