Најстариот руски фитнес клуб сè уште работи со полна пареа (ФОТО)

Russia Beyond
Дали би сакале да ги напумпате мускулите на ретро справи? Во Русија постои место каде што е можно тоа.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

На прв поглед, сите овие справи изгледаат прилично страшно и потсетуваат на справи за мачење. Но, токму така изгледале првите механизми за вежбање пред повеќе од сто години. Сепак, првиот впечаток паѓа во заборав штом клиентите ги испробаат овие необични направи и го искусат нивниот позитивен ефект.

Среде паркот во Есентуки (туристички град на северот на Кавказот, 1500 километри од Москва), помеѓу минерални бањи и галеријата со минерална вода за пиење, се наоѓа павилјон за механотерапија, нешто што денес би можеле да го наречеме фитнес клуб или теретана. Павилјонот е отворен во 1902 година.

Во тоа време, овој град веќе беше многу популарно место за оние кои сакаат да го подобрат своето здравје со користење на богатите природни ресурси. Покрај тоа, свежиот кавкаски воздух и прекрасните предели ги привлекуваа луѓето во потрага по одмор и инспирација (познати музичари, актери и сликари честопати го поминувале својот одмор овде). Затоа локалните власти решија да создадат специфична атракција за туристите: место за таканаречена механотерапија.

Овој термин го воведе шведскиот лекар Густав Сандер со цел да го опише начинот на лекување на одредени заболувања преку масажа и вежби со помош на специјални уреди. Во 1865 година го отворил првиот институт за механотерапија во Стокхолм. Машините што ги користел им овозможувале на пациентите да вежбаат сами, без помош од асистенти.

Методот на Сандер станал многу популарен низ Европа и пошироко. Во Русија, првата медицинска установа што користела механотерапија била отворена во Санкт Петербург на крајот на XIX век. 

Кога се отворил во Есентуки, павилјонот со Сандеровите апарати станал сензација. Тој имал соблекувални, тушеви, кабинети за терапија и масажа, како и соби за релаксација. Огромната сала за вежбање имала дури 60 уреди. Некои од нив биле проектирани за активни вежби на мускулите, додека други функционирале со помош на специјални мотори и служеле за масажа.

Меѓу другото, имало прототипови на современите тренажни велосипеди и машини кои симулираат јавање коњи или камили (со седла за мажи и жени). Луѓето кои страдаат од проблеми со коските и зглобовите, од несоница, дигестивни проблеми, дебелина, сите сакале да вежбаат овде. Било издвоено посебно време за тренинг за мажи, а посебно за жени и деца.

Патување низ времето: Павилјонот за механотерапија и неговите уреди ја преживеаја Октомвриската револуција и двете светски војни. Во текот на сто години секогаш имало луѓе кои ги користеле за обука и рехабилитација.

Денес, над 50 апарати се сè уште во функција и тие не се само музејски експонати. Павилјонот за механотерапија е отворен шест дена во неделата и секој може да ги испроба Сандеровите уреди. Има само еден мал, но незгоден детаљ. Со оглед на тоа дека се направени од тежок метал и дрво, кога се користат истовремено, создаваат многу бучава.

Луѓето кои доаѓаат на лекување во Есентуки користат механотерапија по препорака на лекар, во комбинација со минерални бањи и пиење минерална вода. Додека за обичните туристи павилјонот за механотерапија изгледа како интерактивен музеј, кој го посетуваат само од љубопитност и за забава.

Многумина признаваат дека кога, на пример, ќе седнат на „коњот“ стар над сто години, се чувствуваат како да влегле во временска машина. Дури тврдат и дека павилјонот е најинтересното место во Есентуки.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња