- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Gilbert / The Print Collector / Getty Images
Првите телефонски говорници се појавиле уште во време на Руската Империја. За нивно воведување долго се заложувал инженерот и пронаоѓач Александар Попов (кој исто така го изумил радиоапаратот), но московската градска дума двапати го одбила неговиот предлог. Дури во 1909 година во Москва се појавиле 26 телефонски автомати на американската компанија „Бела“.
Архивска фотографија
За звучна изолација и удобност биле поставени специјални телефонски кабини, а нивната еволуција ја следела еволуцијата на самите телефонски автомати. Во прво време тоа биле масивни дрвени говорници кои потоа сѐ повеќе се приспособувале на градската средина и биле правени од стакло и од метал.
Во 1916 година во упатството за употреба се наведувало: „Централата се повикува со едноставно кревање на слушалката. Дежурната во централата треба да ви одговори, наведувајќи го бројот. Потоа корисникот јасно и разбирливо го изговара бројот со кој сака да се поврзе“
Архивска фотографија
Револуцијата од 1917 година доведе до големо назадување на телефонската мрежа на јавните говорници. Сѐ што беше останато од неа беше национализирано. Една година подоцна Ленин потпиша одлука, барајќи во најкус рок во градот да се обезбеди „доволен број“ јавни телефони. Сепак, планот пропадна. Имено, во 1921 година во Москва имало само 10 говорници.
Телефонските говорници станале целосно автоматизирани на почетокот на триесеттите години од минатиот век, кога целата телефонска мрежа беше модернизирана. Болшевиците сфатија дека токму телефонските говорници на најдобар начин се вклопуваат во идејата за индустриски прогресивно општество. Всушност, ни тогаш ги немаше во доволен број. Во тоа време обично во цела една градска населба можело да се најде само една телефонска говорница.
Валериј Генде-Роте, Борис Трепетов / TASS
Но, развојот незапирливо напредувал. Во 1938 година се појави советскиот телефонски автомат од типот „В“, на кој луѓето исто така можеа и да се јавуваат, зашто секој имаше свој број.
О. Нејелов / Sputnik
Во шеесеттите години од минатиот век само во Москва имало околу 6.000 телефонски говорници. Притоа во тоа време должината на разговорот не била ограничена. За две копејки (колку што чинел повикот) можело да се разговара без ограничување. Покрај телефонските кабини кипел животот: пред нив се создавале редици, покрај нив се склопувале нови познанства, тука се криеле од дождот, се пиело со другарите, тука си играле децата итн.
Правилата се сменија во осумдесеттите години од минатиот век кога разговорот можел да трае само ограничено време, а потоа мораше повторно да се стави паричка.
Legion Media
На сите не им одговараше новата ценовна политика и се бореа против неа. Постоеше голем број начини да се „прелаже“ апаратот – од паричка на конче до банално удирање по апаратот – со цел да се продолжат неограничените разговори.
Зотин Игор, Хамељанин Генадиј / TASS
Најголем број телефонски говорници во Москва имаше во 1991 година, речиси 34 илјади. Тоа е апсолутен максимум, по што нивниот број почна да опаѓа.
Панов Станислав / TASS
Во втората половина на деведесеттите години од минатиот век кога започнаа да се користат апарати со картички (со ограничено време за разговор), во градовите околку телефонските говорници започна да цвета специфичен криминал. Крадците го расипуваа делот од апаратот што ја прима картичката за тој да почне да ги „голта“, а потоа ги вадеа картичките и повторно ги продаваа.
Владимир Смирнов / TASS
Со развојот на мобилната телефонија и на Интернетот луѓето започнаа да ги забораваат телефонските говорници. Тие се претворија во споменик на минатите епохи. Но, на изненадување на многумина, иако се слабо барани, тие и понатаму функционираат. Во 2019 година дури и станаа бесплатни! За да повикате од телефонските говорници претплатник во Русија, доволно е да го свртите неговиот број.
Алексеј Мајшев / TASS
Притоа „Ростелеком“ (компанијата што ги опслужува) истакна дека за време на пандемијата со коронавирусот повторно станаа барани. „Ова е изгледа поврзано за рестриктивните мерки и зголемената загриженост на луѓето за здравјето на роднините и на пријателите“, соопштија од прес-службата на компанијата.
Александр Рјумин / TASS