Како Александар Попов го направи првиот радио-уред

Kira Lisitskaya (Public domain; Getty Images; Центральный музей связи А. С. Попова)
Александар Попов во Русија е познат како првиот пронаоѓач на радиото. Необично е тоа што својот прв радио приемник, детекторот на молњи, го направил речиси во исто време кога италијанскиот пронаоѓач Гуљелмо Маркони ги направил своите познати откритија, притоа без да знае ништо за нив.

Попов е роден во свештеничко семејство во 1859 година во населбата Турјиские Рудники (денешен Краснотуринск) во Свердловската област Неговиот татко сакал синот да тргне по неговите стапки, па затоа бил испратен во богословијата во Екатеринбург на Урал да учи теологија. Послушниот син го направил она што го сакал неговиот татко, но потоа направил целосен пресврт и тргнал по свој пат.

Од теологија до наука 

По три години студии во Пермската духовна семинарија, Попов се запишува на Универзитетот во Санкт Петербург на насоката физика. Александар уште од детството бил вљубеник во науката и математиката. Имал исклучителен технички ум и го завршил факултетот со исклучителен успех. Младиот физичар ја одбранил својата дисертација во 1882 година. Потоа се фокусирал на електротехниката и станал предавач во Минската офицерска школа на Руската воена морнарица во Кронштат. Учениците на тоа училиште биле добро обучени и способни да ја одржуваат електричната опрема на воените бродови. Надарениот учител и пронаоѓач прочитал голем број книги од своите колеги од странство. Особено го импресионирало откривањето на електромагнетните бранови на Хајнрих Херц и барал практичен начин да ги забележи тие бранови на големи далечини.

Летото 1893 година, како претставник на Министерството за морнарица, Попов бил дел од руската делегација на Светскиот саем во Чикаго. Имал можност да ги види експериментите на Никола Тесла, чија работа ја знаел.

Во 1895 година Попов направил апарат кој можел да ги регистрира атмосферските електрични појави. Тогаш 36-годишниот пронаоѓач го поставил својот изум во Метеоролошката опсерваторија во Санкт Петербург. Според Попов, можел да детектира бура на оддалеченост од 50 километри и требало да се користи за прием на сигнали од вештачки направени извори на осцилации. Следната година Попов го демонстрирал својот уред во Санкт Петербург, емитирајќи ги зборовите „Хајнрих Херц“ со Морзеова азбука. Кратката порака ја примил приемник оддалечен околу 250 метри. Неговата работа го поттикнала развојот во многу нови области на науката, вклучувајќи го радиоемитувањето, радиоастрономијата и телевизијата, радиометеорологијата и радионавигацијата. Системот што го измислил Попов ги содржел „сите основни елементи на комуникација кои се својствени за современиот концепт за пренос на радиосигнал“.

Попов или Маркони

Гуљелмо Маркони, италијански инженер и пронаоѓач од Болоња, користел радиобранови за пренос на сигнали на растојание од неколку километри. Маркони почнал да работи на радиопредаватели и приемници во декември 1984 година, а пријавата за патент ја пополнил на 2 јуни 1896 година, два месеци и осум дена по првото радиоемитување на Попов. Италијанскиот инженер го добил првиот патент за комуникациски систем што користи радиобранови. Во 1909 година Гуљелмо Маркони и германскиот инженер Карл Фердинанд Браун ја добиле Нобеловата награда за физика „за придонес во развојот на безжичната телеграфија“. Маркони оттогаш е признат ширум светот како пронаоѓач на радиото.

Се смета дека режимот на тајност во кој Александар Попов морал да работи во состав на Воената морнарица го спречил овој физичар да се стекне со светска слава како прв пронаоѓач на радиото. Дискусиите се водат до ден-денес и укажуваат дека идејата била во воздухот и дека некој морал да му ја открие на светот. Првата радиостаница во Русија била инсталирана според упатствата на Попов во Севастопол на Црното море. За време на воените маневри на 7 септември 1899 година, таа воспоставила комуникација со бродови оддалечени 14 километри од брегот.

1898 година започнало индустриското производство на радиостаници според нацртот на Попов во Париз, додека работилницата на Попов во Кронштат била првиот производител на радиоопрема во Русија.

1901 година Попов станал професор по физика на Електротехничкиот институт на царот Александар III. Бил ценет поради „континуираната работа на употреба на телеграфијата без жици на бродовите во морнарицата“ и му бил доделен Големиот златен медал на Светската индустриска изложба во Париз. По неговата смрт во 1906 година наградата во Русија е утврдена награда што го носи неговото име, а неговата родна земја до ден-денес го негува наследството на големиот пронаоѓач.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња