Кемерово, 1986.
Александар Пољаков/SputnikПрвите детски игралишта во Русија воопшто не беа слични на современите. Прво, тоа често беше заграден простор со помала шупа и маса, т.е. немаше лизгалки или нишалки. Второ, игралиштата се правеа за децата од сиромашни семејства. И трето, можеа да влезат само однапред пријавени деца.
Првите игралишта се правени во рамките на проекти на добротворните организации. На тој начин градовите се обидувале некако да го контролираат проблемот со деликвенцијата. Главната функција на просторот за игра била педагошката, така што никој не гледал потреба од лизгалки. Во средината на празниот простор можело да има само една маса со клупа и помала шупа за чување на инвентарот и играчките. На игралиштата биле ангажирани волонтери. Тие го одржувале редот и работеле со децата.
Детско игралиште на ВСХВ, 1940.
Сергеј Васин / МАММ / МДФ / Russia in photoТреба да се спомене уште еден важен детал: првите детски игралишта функционирале само во топлите периоди од годината и биле градени во сиромашните населби. Сè на сè, повеќе личеле на детска градинка за социјално загрозените слоеви на населението.
Детско гратче, Соколники, 1940.
Сергеј Васин / МАММ / МДФ / Russia in photoПо револуцијата игралиштата го смениле изгледот бидејќи служеле за „политичко воспитување“. Во близина на зоната за игра можеле да се видат впечатливи пароли за победата на пролетаријатот и светската револуција, или за тоа дека Бог не постои и дека свештениците се измамници. На игралиштата се делела и храна за да се привлечат што повеќе деца.
Детски парк, нишалка, Челјабинск, 1950-1963.
Државен историски музеј на Јужен Урал/russiainphoto.ruКога во 1931 година се појавиле нормите за ГТО (кратенка од изразот „готов к труду и обороне“, (т.е. подготвен за работа и одбрана на земјата – така се викал системот за нормирано физичко воспитување на населението), игралиштата почнале да изгледаат како теретана, имале вратила, разбои и справи за одржување на рамнотежата (понекогаш и на две нивоа).
На детско игралиште во Паркот на културата и одморот „Горки”, 1958.
Всеволод Тарасевич / МАММ / МДФ / Russia in photoСето тоа целосно ја одразувало идејата за тоа како треба да расте едно советско дете и како да прерасне во силна, политички мотивирана и бестрашна личност.
Детско игралиште во Норилск, 1965.
Всеволод Тарасевич / МАММ / МДФ / Russia in photoНиз целата земја се објавувале зборници со цртежи и описи на вртелешки и лизгалки (секој објект за игра имал свој државен стандард), типски клупи, па дури и огради. Игралиштата биле отворени во текот на целата година и се правеле во сите населени места, без разлика на животниот стандард на жителите, а исто така и во училиштата и парковите. Но, затоа воспитувачи имало сé помалку.
Детско игралиште во Москва, 1970.
Дмитриј Воздвиженски, Нина Свиридова / МАММ / МДФ / Russia in photoПо Втората светска војна дизајнот на детските игралишта поприми национални црти – лулашки во вид на петли, конструкции во стил на дрвената архитектура, цртежи на јунаци од народните песни.
1978. СССР. Хабаровск.
Игор Зотин, Борис Кавашкин/TASSВо добата на развиениот „социјалистички реализам“ станаа модерни метални силуети на животни или апстрактни фигури, кои понекогаш беа високи и по неколку метри.
Детско игралиште во една од станбените населби во Воронеж, 1975.
Валериј Шустов/SputnikВо екот на Студената војна и освојувањето на вселената, на апстракциите се додадени и мотиви на ракети и вселенски бродови. Секое советско дете знаеше кои се Јуриј Гагарин и Валентина Терешкова.
Игралиште во еден од окрузите на градот Набережни Челни, 1973.
Борис Кавашкин/SputnikСè на сè, проектирањето детски игралишта беше доживувано како колективна креација. На почетокот беше прилично тешко да се најде конкретен автор, а тоа стана и невозможно во времето на масовната изградба на типските станбени згради. Заедно со идентичните микро реони почна „штанцањето“ на идентични детски игралишта. Веќе не ги проектираа архитекти чија специјалност беше пејзажот, туку локалните канцеларии за домување, што се одрази и на изгледот на просторот за детска игра. Трендот беше тој изглед максимално да се поедностави што е можно повеќе и игралиштата што е можно помалку да се разликуваат едно од друго.
Алтајски крај. Барнаул, 1979.
Виктор Садчиков/TASSВо текот на 1990-тите, по распадот на СССР, нови детски игралишта речиси и да не се правеа, и тоа траеше десетина години. Децата можеа да го користат само она што остана од доцниот советски период. Поради лошата економска состојба многу вакви игралишта зараснаа и ‘рѓосаа. Типична слика на детско игралиште од 1990-тите и раните 2000-ти се речиси скапани тобогани и лулашки што чкрипат, со сива типска станбена зграда од периодот на Хрушчов во позадина.
Благовешченск, 1989.
Семјон Мајстерман/TASSДо нова пресвртница дојде во втората половина на 2000-тите. Масовната изградба на станбени згради влијаеше и на изгледот на типичниот простор за детска игра. Во големите градови низ земјата сега се појавуваат модерни детски игралишта од водоотпорна иверица. За нив се карактеристични сината, жолтата, црвената и зелената боја. И тоа се стандардизирани конструкции, бидејќи сите ги правеше руска компанија која имаше монопол во оваа област.
Детско игралиште на ВДНХ.
Александар Авилов/Агенција „Москва“Ваквите игралишта се градеа без да се земе предвид околната архитектура и исто така прилично брзо пропаѓаа. Но, сепак беа многу поудобни и побезбедни од оние од доцниот советски период. Безбедноста на советските игралишта стана дури и посебен мим:
Игралиште во Паркот на културата и одморот „Горки“.
Антон Новодержкин/TASSСо текот на времето на домашниот пазар се појавија и други фирми, така што зоните за игра станаа поразновидни и поквалитетни. Сега авторизираните детски игралишта станаа еден од параметрите на конкуренција меѓу градежните фирми и еден од факторите за конечна определба на потенцијалните купувачи. Со нив повторно се занимаваат експерти и проектантски бироа.
Има и такви модерни игралишта што личат на мало детско гратче, со цел систем на лизгалки, трамбулини, патека со препреки и кули.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче