Станбените реони на Москва и Петербург во 1960-тите низ објективот на американски истражувач (ФОТО)

John Reps/Urban Explorer Collection/Cornell University Library (CC BY 4.0)
Овие фотографии на пријатни зелени советски дворови, игралишта и „хрушчовки“ ќе ве вратат во едно поинакво време.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Американскиот историчар Џон Вилијам Репс го истражуваше урбанизмот и јавните простори во бројни земји ширум светот. Летото 1964 година тој го посети и Советскиот Сојуз, вклучувајќи ги Москва и Ленинград (денешен Санкт Петербург), каде што направи бројни фотографии во боја на најобичните градски реони и дворови, како и новите станбени блокови кои сè уште беа во изградба. Благодарение на неговата збирка фотографии можеме да се нурнеме во атмосферата на советските шеесетти.

Раната советска индустријализација ја зголеми градската популација, но не успеа да обезбеди станови за неа. Затоа неколку децении луѓето живееја во заеднички станови или домови. Никита Хрушчов беше познат по многу работи, па и по процесот на десталинизација на СССР. Но, неговото име е овековечено во станбените згради хрушчовки

На почетокот на 60-тите Хрушчов иницираше процес на масовна изградба со цел да се реши проблемот со недостаток на станбен простор за жителите на градовите.

Вака изгледаше типичната хрушчовка. Евтина зграда од бетонски панели на два до четири ката имаше многу мали станови и немаше лифтови. Но, луѓето беа пресреќни да дојдат до сопствен простор и да се иселат од заедничките станови.

Властите се потрудија да го уредат урбаниот простор во новоизградените реони. Зелени површини со дрвја...

... детски игралишта во секој двор...

…па дури и фонтани! Иако овој „луксуз“ беше повеќе исклучок отколку правило. Во летниот период децата ги користеа фонтаните не само за гледање, туку и за капење.

Сите реони имаа свои училишта во соседството, така што децата можеа пешки да стигнат на настава.

И, се разбира, имаше јасли и градинки за помалите деца. Родителите ги носеа своите деца во јасли уште од мали нозе - дури и кога имаа само неколку месеци - и се враќаа на работа за напредна советска иднина.

Новите реони имаа типични згради со продавници кои често нудеа универзален избор на стоки.

Џон Вилијам Репс беше изненаден од мрежата која имаше за цел да спречи парчиња фасада да паднат врз минувачите. 

Хрушчовките имаа многу мали тераси и на почетокот луѓето се обидуваа таму да направат мали градини, но подоцна ги претворија во остави, бидејќи малите станови не нудеа доволно таков простор.

А до зградата имаше двор со парк меѓу зградите. Вообичаено ваквите згради имаа повеќе катови (и лифт) и поубави декорации на фасадата.

Сите фотографии до сега беа од Москва, а сега следат неколку од Ленинград (денешен Санкт Петербург).

Улиците во новите станбени реони беа широки, а долж нив се протегаа авении со дрвореди заради ладовина и за да спречат прашината од патот да стигне до пешаците.

Во раните станбени згради на секое приземје имаше станови за максимално искористување на просторот. Подоцна, архитектите предложија во приземјето да се направат продавници.

Џон Вилијам Репс ги посети во Ленинград штотуку изградените масивни комплекси со повеќекатници.

Како и некои претходно изградени згради во стилот на конструктивизмот каде секој простор можеше да се претвори во своевидно игралиште.

Недостигот на простор и тераси принуди многу луѓе да ги сушат алиштата надвор, па ова беше типична глетка во околината на советските станбени блокови.

За да не помислите дека сите во СССР живееја во мали хрушчовки, ова е уште еден ленинградски пример на џиновска гигантска станбена зграда од девет ката.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња